5. та верата ваша да не почива на човечката мудрост, туку на силата Божја.
6. Ние сепак ја проповедаме мудроста меѓу совршените, но не мудроста од овој свет, ниту, пак, онаа на владетелите на овој свет, кои се минливи,
7. туку ја проповедаме Божјата мудрост, сокриена во таинство, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава,
8. која никој од владетелите на овој свет не ја спознал; зашто, ако ја беа спознале, тогаш немаше да Го распнат Господа на славата.
9. Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат.“