Нов Завет

1 Коринтјаните 2:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата,

5. та верата ваша да не почива на чо­вечката мудрост, туку на силата Божја.

6. Ние сепак ја проповедаме мудроста меѓу совршените, но не мудроста од овој свет, ниту, пак, онаа на владете­ли­те на овој свет, кои се минливи,

7. туку ја проповедаме Божјата муд­рост, сокриена во таинство, која Бог ја предодредил уште пред вековите за на­ша слава,

8. која никој од владетелите на овој свет не ја спознал; зашто, ако ја беа спознале, тогаш немаше да Го распнат Господа на славата.

9. Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на чо­век на ум му дошло, тоа Бог го пригот­вил за оние кои Го љубат.“

10. А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји.

11. Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 2