Нов Завет

1 Коринтјаните 2:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. па тоа и го проповедаме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими.

14. Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се ис­пита.

15. Духовниот, пак, човек испитува сѐ, а него никој не може да го испитува.

16. Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 2