Нов Завет

1 Коринтјаните 15:17-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови;

18. тогаш и оние, што умреле за Хрис­тос, пропаднале.

19. И, ако само во овој живот се надева­ме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.

20. Но, ете, Христос воскресна од мрт­вите, и со тоа стана првина за упокоени­те.

21. Бидејќи смртта дојде преку чо­ве­кот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек.

22. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат ожи­ве­ани;

23. но секој по свој ред: Христос е пр­виот плод; потоа, при Неговото до­аѓа­ње, ќе воскреснат сите што се Хрис­тови.

24. А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила.

25. Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“

26. А како последен непријател ќе биде уништена смртта,

27. зашто „сите ги покори под нозете Негови“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему покорено“, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини сѐ.

28. Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ.

29. Инаку, што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите не воскреснуваат, зошто тие тогаш се крштеваат за нив?

30. Зошто, пак, и ние секој час се под­ложуваме на опасност?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15