Нов Завет

1 Коринтјаните 15:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, ви напоменувам за Еван­гелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите.

2. Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.

3. Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за на­шите гревови, според Писмата;

4. дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,

5. и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте;

6. после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;

7. потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,

8. а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,

9. зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15