Нов Завет

1 Коринтјаните 14:29-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.

30. Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.

31. И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.

32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците;

33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите црк­ви меѓу светиите,

34. жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.

35. Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.

36. Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?

37. Ако некој мисли дека е пророк или надарен со дух, нека знае дека ова што ви го пишувам е заповед Господова.

38. А кој не разбира, нека не разбира.

39. И така, браќа, настојувајте да про­ро­кувате, но не забранувајте да се зборува и на други јазици.

40. Сѐ нека биде достојно и уредно.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14