29. Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.
30. Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31. И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.
32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите,
34. жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
35. Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36. Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37. Ако некој мисли дека е пророк или надарен со дух, нека знае дека ова што ви го пишувам е заповед Господова.