Нов Завет

1 Коринтјаните 14:19-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.

20. Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.

21. Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме пос­лу­ша, вели Господ.“

22. Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.

23. Ако, пак, целата Црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или безверници, нема ли да речат дека сте полуделе?

24. Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој прост човек или безверник, него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат,

25. така што тајните на срцето ќе му се откријат, и тој, ќе падне на колена, ќе Му се поклони на Бога и ќе рече: „На­вистина, Бог е во вас.“

26. Па што, браќа? Кога ќе се собира­те, и секој од вас има – кој псалм, кој по­ука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, – сѐ нека биде за надградување.

27. Ако некои зборуваат на непознат ја­зик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува.

28. Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.

29. Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.

30. Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.

31. И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.

32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците;

33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите црк­ви меѓу светиите,

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14