Нов Завет

1 Коринтјаните 14:14-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој ос­та­нува бесплоден.

15. Па што да се прави? Ќе Му се мо­лам со дух, ќе се молам и со ум; ќе Го воспевам Бога со дух, ќе Му пеам со ум.

16. Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече „амин!“ на твоето благода­рење простиот човек, кога не разбира што велиш?

17. Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува.

18. Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;

19. но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.

20. Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.

21. Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме пос­лу­ша, вели Господ.“

22. Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.

23. Ако, пак, целата Црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или безверници, нема ли да речат дека сте полуделе?

24. Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој прост човек или безверник, него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат,

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14