Нов Завет

1 Коринтјаните 14:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Стремете се кон љубовта; ревну­вајте за духовните дарови, а осо­бено да пророкувате.

2. Зашто оној, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а со Духот кажува тајни;

3. кој, пак, пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, охрабрува­ње и утешување.

4. Кој зборува на друг јазик, тој се надградува сам себе; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата.

5. Но јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто, кој пророкува, е поголем од оној, кој зборува јазици – ос­вен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата.

6. Сега, ако дојдам кај вас, браќа, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштувам или со откровение, или со знаење, или со пророштво, или со поука?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14