Нов Завет

1 Коринтјаните 12:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете.

2. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте кај немите идоли, како да ве водеа.

3. Затоа ви давам на знаење дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус!“, и никој не може да каже: „Исус е Господ!“, освен преку Светиот Дух.

4. Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист;

5. има разни служби, но Господ е еден и ист;

6. и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите.

7. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза;

8. зашто, на еден му се дава преку Ду­хот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух;

9. на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух;

10. на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува ду­ховите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 12