Нов Завет

1 Коринтјаните 11:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто тоа е исто како да е истрижена.

6. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива.

7. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот.

8. Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот;

9. и мажот не е создаден за жената, ту­ку жената за мажот.

10. Затоа жената треба да има на гла­вата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 11