Нов Завет

1 Коринтјаните 11:10-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Затоа жената треба да има на гла­вата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите.

11. Па сепак, ниту жена е без маж, ни­ту маж е без жена во Господ.

12. Зашто, како што е жената од ма­жот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога.

13. Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава?

14. Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса?

15. Но, ако жената си ја остави косата, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена место превез.

16. Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји.

17. А заповедајќи ви го ова, не можам да ве пофалам дека за подобро, туку за полошо се собирате.

18. Прво, пак, слушам дека, кога се собирате в црква, се појавуваат расколи меѓу вас, во што делумно верувам.

19. А потребно е меѓу вас да има и раз­делувања, за да се истакнат подостојни­те меѓу вас.

20. Но, кога се собирате така заедно, тоа не значи дека јадете вечера Госпо­дова:

21. зашто на јадењето секој брза да ја земе својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива.

22. Немате ли куќи за да јадете и пи­ете? Или ја презирате црквата Божја и ги срамотите оние, што не се имотни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не пофалувам!

23. А јас го примив од Господ она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб,

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 11