Нов Завет

1 Коринтјаните 10:7-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Не бидете ниту идолослужители, ка­ко некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па ста­на да игра.“

8. И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади.

9. И да не Го искушуваме Христос, ка­ко што некои од нив Го искушуваа, и за­гинаа од змии.

10. Не мрморете, како што некои од нив замрмореа, па загинаа од Истре­би­телот.

11. Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите.

12. Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.

13. Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој не­ма да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со ис­ку­шението ќе ви даде и излез, за да мо­же­те да издржите.

14. Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.

15. Ви зборувам како на разумни: расу­дете сами за ова што ви го кажувам,

16. Чашата на благословот, која ја бла­гословуваме, не е ли заедништво со крв­та Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?

17. Бидејќи лебот е само еден, едно те­ло сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10