Нов Завет

1 Коринтјаните 10:27-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.

28. Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја ис­полнува.“

29. Но не зборувам за совеста твоја, ту­ку на друг; зошто мојата слобода да би­де судена од туѓа совест?

30. Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен по­ради тоа, за кое благодарам?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10