Нов Завет

1 Коринтјаните 10:14-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.

15. Ви зборувам како на разумни: расу­дете сами за ова што ви го кажувам,

16. Чашата на благословот, која ја бла­гословуваме, не е ли заедништво со крв­та Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?

17. Бидејќи лебот е само еден, едно те­ло сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.

18. Гледајте го Израил според телото: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници со жртвеникот?

19. А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10