Нов Завет

1 Коринтјаните 10:12-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.

13. Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој не­ма да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со ис­ку­шението ќе ви даде и излез, за да мо­же­те да издржите.

14. Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.

15. Ви зборувам како на разумни: расу­дете сами за ова што ви го кажувам,

16. Чашата на благословот, која ја бла­гословуваме, не е ли заедништво со крв­та Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?

17. Бидејќи лебот е само еден, едно те­ло сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.

18. Гледајте го Израил според телото: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници со жртвеникот?

19. А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто?

20. Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните.

21. Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не мо­жете да учествувате на Господовата тр­пеза и на трпеза на демоните.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10