Нов Завет

1 Коринтјаните 10:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Не мрморете, како што некои од нив замрмореа, па загинаа од Истре­би­телот.

11. Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите.

12. Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.

13. Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој не­ма да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со ис­ку­шението ќе ви даде и излез, за да мо­же­те да издржите.

14. Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10