Нов Завет

1 Коринтјаните 10:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, не сакам да не знаете де­ка татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето,

2. и сите во Мојсеј се крстија во об­ла­кот и во морето;

3. и сите јадеа иста духовна храна;

4. и сите пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше; а таа карпа беше Хрис­тос.

5. Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, затоа загинаа во пустината.

6. А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи.

7. Не бидете ниту идолослужители, ка­ко некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па ста­на да игра.“

8. И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади.

9. И да не Го искушуваме Христос, ка­ко што некои од нив Го искушуваа, и за­гинаа од змии.

10. Не мрморете, како што некои од нив замрмореа, па загинаа од Истре­би­телот.

11. Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите.

12. Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.

13. Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој не­ма да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со ис­ку­шението ќе ви даде и излез, за да мо­же­те да издржите.

14. Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.

15. Ви зборувам како на разумни: расу­дете сами за ова што ви го кажувам,

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10