Нов Завет

1 Коринтјаните 1:14-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,

15. та никој да не може да рече дека ве крстив во мое име.

16. Навистина, го крстив уште и Сте­фаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.

17. Зашто Христос не ме прати да крш­тевам, туку да го проповедам Еван­ге­ли­ето, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов.

18. Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.

19. Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“

20. Каде е мудрецот? Каде е книж­ни­кот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост?

21. Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат.

22. Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,

23. ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие;

24. за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост.

25. Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето.

26. Гледате, браќа, какви сте вие, по­ви­каните: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни;

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1