Нов Завет

1 Коринтјаните 1:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, по Божја волја повикан апостол на Исус Христос и братот Состен –

2. до црквата Божја во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивни и наш.

3. Да имате благодат и мир од Бога, на­шиот Отец, и Господ Исус Христос!

4. Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е вам дадена во Исус Христос,

5. преку Кого станавте богати во сѐ, во секое слово и во секое знаење.

6. Зашто се утврди во вас Христовото сведоштво,

7. така што не сте лишени од ниеден дар вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос.

8. Тој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на на­шиот Господ Исус Христос.

9. Верен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.

10. Браќа, ве молам во името на на­ши­от Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раз­до­ри, туку да бидете совршено со­еди­не­ти во еден ум и во исто мислење.

11. Зашто од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кав­ги.

12. Сакам да ви кажам дека секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Апо­ло­сов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов“.

13. Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени?

14. Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,

15. та никој да не може да рече дека ве крстив во мое име.

16. Навистина, го крстив уште и Сте­фаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1