Нов Завет

1 Јован 5:6-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина.

7. Зашто Тројца се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно.

8. И Тројца се, Кои сведочат на земјата: духот, водата и крвта; и тие три се во едно.

9. Ако го примаме човечкото све­дош­тво, Божјото сведоштво е поголемо, би­дејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син.

10. Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син.

11. А сведоштвото е тоа дека Бог ни да­рувал живот вечен; и тој живот е во Не­говиот Син.

12. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.

13. Ова ви го напишав вам, кои верува­те во името на Синот Божји, за да зна­ете дека имате живот вечен и да верува­те во името на Синот Божји.

14. И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува.

15. А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе до­биеме, што и да сме побарале од Него.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5