Нов Завет

1 Јован 5:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го љуби Оној Кој родил, Го љуби и Оној, родениот од Него.

2. По ова знаеме дека ги љубиме че­да­та Божји, кога Го љубиме Бога и ги из­вршуваме Неговите заповеди.

3. Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки.

4. Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша.

5. Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји?

6. Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5