Нов Завет

1 Јован 3:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога.

10. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.

11. Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.

12. Но не како Каин, кој беше од лу­ка­виот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни.

13. Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3