Нов Завет

1 Јован 3:16-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.

17. Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаш­ти­ја, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?

18. Чеда мои, да не се сакаме со збо­ро­ви или со јазик, туку со дела и вистина!

19. И по тоа ќе знаеме дека сме од вис­тината, и пред Него ќе го увериме своето срце;

20. бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.

21. Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,

22. и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите за­по­веди и правиме што е благоугодно пред Него.

23. А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.

24. И оној, што ги чува заповедите Не­гови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Ду­хот што ни Го дал.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3