Нов Завет

1 Јован 3:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него.

2. Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Зна­еме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.

3. И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува самиот себе, како што е чист Тој.

4. Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3