Нов Завет

1 Јован 3:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него.

2. Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Зна­еме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.

3. И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува самиот себе, како што е чист Тој.

4. Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие.

5. А знаете дека Тој се јави за да ги зе­ме нашите гревови; а грев во Него не­ма.

6. Секој, кој пребива во Него, не гре­ши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал.

7. Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој.

8. Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски.

9. Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога.

10. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.

11. Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3