Нов Завет

Тит 3:8-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Ова е веродостојно учење. Те советувам уверливо да ги поучуваш луѓето, па оние што ќе поверуваат во Бог да се стремат кон добри дела, кон работи што ќе бидат полезни за сите луѓе.

9. Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон. Од тоа нема никаква полза; само залудно ќе си го губиш времето.

10. Оние што изопачено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги.

11. Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле.

12. Сакам да го испратам кај тебе Артема или Тихик. Кога еден од нив ќе пристигне, потруди се да дојдеш кај мене во Никополис, зашто имам намера таму да ја поминам зимата.

13. Кога правникот Зена и Аполос ќе решат да си заминат, погрижи се да ги снабдиш со се што им е потребно за на пат.

14. Треба да ги учиме нашите луѓе да не седат со скрстени раце, туку вредно да работат, правејќи добри дела и за други луѓе, кои имаат итни потреби.

15. Те поздравуваат сите што се тука со мене. Поздрави ги сите што не сакаат, оние со кои ја имаме истата вера. Бог нека ви биде благонаклонет на сите.

Прочитајте целосна глава Тит 3