Нов Завет

Тит 3:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро.

2. За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите.

3. Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.

4. Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет,

5. кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.

6. Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос.

7. Не оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.

8. Ова е веродостојно учење. Те советувам уверливо да ги поучуваш луѓето, па оние што ќе поверуваат во Бог да се стремат кон добри дела, кон работи што ќе бидат полезни за сите луѓе.

9. Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон. Од тоа нема никаква полза; само залудно ќе си го губиш времето.

10. Оние што изопачено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги.

Прочитајте целосна глава Тит 3