Нов Завет

Maтеј 3:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше:

2. „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“

3. Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите: „Глас одекнува низ пустината, кој вели: ,Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!‘“

4. Јован носеше облека исплетена од камилски влакна, а околу појасот носеше кожен ремен; се хранеше со скакулци и див мед.

5. Кај него доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од сите предели по долината на реката Јордан.

6. Тие ги исповедаа своите гревови, а тој ги крштаваше во реката Јордан.

7. Но кога Јован виде дека кај него доаѓаат да се крстат и голем број фарисеи и садукеи, им рече: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од Божјиот гнев што доаѓа!?

8. Докажете на дело дека навистина сте се покајале!

Прочитајте целосна глава Maтеј 3