Нов Завет

Јуда 1:6-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Ангелите што не ги исполнуваа задолженијата што им беа дадени, туку ги напуштија своите места, Тој ги окова во вечни вериги, и ги чува во мрак, се до големиот Суден ден.

7. Содом и Гомора, заедно со околните градови, се оддадоа на блуд и неприродни телесни страсти. Затоа за казна беа фрлени во вечен оган, за да им служат како предупредување на луѓето.

8. На сличен начин и овие луѓе, вообразени мечтатели, од една страна си ги поганат сопствените тела, а од друга ја презираат врховната власт на Бог и ги навредуваат славните суштества.

9. Дури ни архангел Михаел, кога се препираше со Ѓаволот околу телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо обвинение, туку рече: „Господ да те прекори!“

10. Овие луѓе го навредуваат она што не го разбираат. Тие знаат да го прават само она што е инстинктивно, како безумните животни. Тоа ќе ги уништи!

11. Тешко ним, зашто тргнаа по патот на Каин! Како Балаам, за пари се ќе направат! Како и Корах, ќе изгинат поради своето бунтовништво.

12. Овие луѓе се црна дамка на вашите заеднички спомен-вечери. Се гоштаваат со вас без трошка страв. Само за себе се грижат. Тие се облаци што многу ветуваат, но дожд во нив нема. Тие се овошки без плодови во време на берба, двојно мртви, зашто и корењата им се извадени.

13. Тие се разбеснети морски бранови кои како пена ги исфрлаат на брегот своите срамни дела. Тие се заскитани ѕвезди, забревтани кон вечна и најцрна темнина.

Прочитајте целосна глава Јуда 1