Нов Завет

Јаков 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе.

2. Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело.

3. На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме.

Прочитајте целосна глава Јаков 3