Нов Завет

Филипјаните 4:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!

2. Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.

3. Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4