Нов Завет

Филимон 1:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Филемоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.

5. Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.

6. Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви се благослови Христос ни даде.

7. Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.

8. Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш,

9. но јас, попрво би те замолил да го сториш тоа од љубов. Затоа јас, старецот Павле, затвореник затоа што проповедам за Исус Христос,

Прочитајте целосна глава Филимон 1