Нов Завет

Филимон 1:17-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Ако ме сметаш за пријател, прифати го како што би ме прифатил мене.

18. Ако ти направил некаква штета, или ако нешто ти должи, стави го тоа на моја сметка.

19. Јас, Павле, со своја рака ти пишувам: „Јас ќе ти се оддолжам.“ Нема сега да спомнувам дека и самиот ти си мој должник.

20. Брате мој, направи ми ја таа услуга заради Господ, зарадувај ме заради Христос.

21. Сигурен сум дека ќе сториш се што побарав од тебе, дури и повеќе.

22. Приготви за мене соба, зашто се надевам дека твоите молитви ќе бидат услишани и набргу ќе можам повторно да те посетам.

23. Те поздравува Епафрас. И тој е со мене в затвор, затоа што проповеда за Исус Христос.

24. Те поздравуваат моите соработници Марко, Аристарх, Димас и Лука.

25. Господ Исус Христос нека ти биде благонаклонет и духовно нека биде со тебе.

Прочитајте целосна глава Филимон 1