Нов Завет

Евреите 5:7-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог.

8. Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен.

9. На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни.

10. Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.

11. Толку многу работи имаме да ви зборуваме за ова, но се чини дека вам слушањето тешко ви паѓа и затоа слабо разбирате.

12. Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна.

13. А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно.

14. Тврдата храна е за зрелите, за оние што со постојана практика го имаат извежбано чувството да го разликуваат правилното од погрешното, и го извршуваат правилното.

Прочитајте целосна глава Евреите 5