поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

Евреите 1 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини.

2. Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се.

3. Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната страна на Величествениот Бог.

4. Ова покажува дека Божјиот Син е повозвишен од ангелите, како што е повозвишено и името што Му е дадено,

5. зашто на ниеден ангел Бог не му рекол: „Ти Си Мој Син, денес станав Твој Татко“, и повторно: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе Ми биде Син“.

6. Понатаму, кога Го испрати Својот Првороден Син на светот, Бог рече: „Сите ангели Божји Нему нека Му се поклонат.“

7. И додека Бог ангелите ги нарекува: „Гласници брзи како ветер, слуги од огнен пламен“,

8. напротив, за Својот Син вели: „Ти Си Бог и вечно ќе владееш како Цар! Твојата царска моќ воспоставува правда.

9. Ти ја сакаш правдата, а го мразиш беззаконието, и затоа Јас, Твојот Бог, Те избрав Тебе и ти определив поголема радост отколку на Твоите придружници.“

10. А кажано е и следново: „Господе, Ти беше Тој што во почетокот ја создаде Земјата, а и небесата се дело на твоите раце.

11. Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш.

12. Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар.“

13. На ниеден ангел Бог не му рекол така како што Му рече на Својот Син: „Седни од Мојата десна страна, додека да ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!“

14. Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението.