Нов Завет

Ефесјаните 4:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Постои само еден Бог, Татко на сите. Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.

7. Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.

8. Затоа Светото Писмо вели: „Кога се вознесе во висините, зеде со Себе многу затвореници и им даде дарови на луѓето.“

9. Што значи тоа „кога се вознесе“? Тоа подразбира дека Тој прво слезе до најдолните предели на Земјата.

10. Тој што слезе е истиот Оној што се издигна високо над сите неба, а тоа е Христос, за да може да ја исполни целата вселена и да владее со неа.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4