Нов Завет

Ефесјаните 4:22-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.

23. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.

24. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.

25. Веќе не треба ни да помислите да лажете, туку да ја зборувате само вистината, бидејќи сме органи на едно исто тело.

26. „Не гневете се во толкава мера та да грешите!“ Гневот нека ви помине уште истиот ден!

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4