Нов Завет

Ефесјаните 3:14-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко,

15. Создателот на секој род, и на небото и на Земјата.

16. Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи.

17. Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов,

18. за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов.

19. Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.

20. А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме,

21. нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 3