Нов Завет

Дела Ап. 6:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение,

4. а ние целосно ќе се посветиме на молитва и на проповедање на Божјата порака.“

5. Ова им се допадна на присутните и ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и со Светиот Дух, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, новообратен прозелит од Антиохија.

6. Ги доведоа пред апостолите, кои со положени раце над нив се помолија за нив.

7. Божјата порака се пошироко се прифаќаше и бројот на христијаните во Ерусалим бргу се зголемуваше, па и голем број еврејски свештеници ја прифаќаа христијанската вера.

8. Бог беше благонаклонет спрема Стефан и му даде сила, па тој правеше големи чуда и изнесуваше докази меѓу луѓето.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 6