Нов Завет

3 Јован 1:3-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.

4. За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите чеда чекорат по вистинскиот пат.

5. Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места.

6. Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов. Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог,

7. бидејќи тие патуваат заради Исусовото име, а не примаат никаква помош од оние што не се христијани.

8. Заради тоа треба да покажеме гостоприемство спрема таквите луѓе, та и ние да земеме учество во ширењето на вистината.

9. Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не не признава нас.

10. Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи не злобно и неправедно. И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!

11. Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Земи ги за пример оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо чедо, а оној што прави зло покажува дека не Го познава Бога.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1