Нов Завет

3 Јован 1:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.

2. Драги пријателе, ти посакувам се добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.

3. Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.

4. За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите чеда чекорат по вистинскиот пат.

5. Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места.

6. Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов. Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог,

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1