Нов Завет

3 Јован 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.

2. Драги пријателе, ти посакувам се добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.

3. Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.

4. За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите чеда чекорат по вистинскиот пат.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1