Нов Завет

2 Коринтјаните 5:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тоа значи дека кога некој ќе стане христијанин, тој е веќе нова личност. Не е веќе ист како порано, зашто со стариот живот е веќе завршено. Започнува нов живот!

18. Тој нов живот доаѓа од Бог, Кој, преку Христос, не помири со Себе и ни ја довери задачата да им објаснуваме на луѓето како и тие да се помират со Него.

19. Нашата порака е дека Бог беше во Христос и му понуди помирување на целиот свет со Себе, готов да им ги прости гревовите на луѓето. Таа порака, која објаснува како можеме да се помириме со Бог, ни ја довери нам, за да им ја проповедаме на сите луѓе.

20. Ние сме амбасадори на Христос, и преку нас Бог ви говори. Во името на Христос, ве молиме: помирете се со Бог!

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 5