Нов Завет

2 Коринтјаните 5:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Знаеме дека кога ќе пропадне овој ,шатор‘ во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, не очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака.

2. Во нашите сегашни тела офкаме и копнееме по денот кога како нова облека ќе ги облечеме нашите небесни тела,

3. зашто ние нема да бидеме голи духови, без тела, туку ќе ги облечеме нашите нови, небесни тела.

4. Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака. Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело.

5. Бог не подготви за тоа и ни Го даде Светиот Дух како гаранција дека тоа навистина ќе се случи.

6. Затоа ние секогаш сме смели, и покрај тоа што се додека сме во ова овоземно тело, ние не сме дома, кај Господ.

7. Верата е она што не движи напред, а не тоа што сега го гледаме.

8. Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ.

9. Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 5