Нов Завет

2 Јован 1:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме. Борете се да ја добиете целосната награда!

9. Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог. Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со небесниот Татко и со Синот - Христос.

10. Ако некој дојде кај вас, и не го носи Христовото учење, немојте да го примате во вашите домови, немојте дури ни добредојде да му посакате.

11. Оној што ќе му посака добредојде станува соучесник во неговите зли дела.

12. Имам уште многу да ви кажам, но не сакам тоа да го сторам вака, со перо и мастило, туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и се што имам да ви кажам, ќе ви кажам лице в лице. Верувам дека тоа ќе биде обострано задоволство.

13. Ве поздравуваат децата на вашата сестра, одбрана од Бог.

Прочитајте целосна глава 2 Јован 1