Нов Завет

2 Јован 1:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од старешината Јован, до почитуваната госпоѓа и до нејзините деца. Имам искрена љубов спрема вас, каква што имаат и сите други што ја знаат Божјата вистина,

2. онаа вистина што живее во нас и што ќе биде со нас засекогаш.

3. Бог Таткото и Неговиот Син, Исус Христос, нека ни бидат благонаклонети, нека ни бидат милостиви и нека ни дадат мир, за да останеме на страната на вистината и да живееме во љубов.

4. Многу се израдував кога дознав дека некои од вашите деца се на вистинскиот пат и се придржуваат до заповедта што ни беше дадена од небесниот Татко.

5. Сега, драга госпоѓо, јас не ви пишувам некоја нова заповед, туку ве молам да се придржувате кон заповедта што ја имаме уште од почетокот: да покажуваме љубов еден спрема друг.

6. А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди. Заповедта да покажуваме љубов еден спрема друг ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме.

7. Многу измамници се појавија на овој свет. Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело. Секој што зборува така е измамник и антихрист.

Прочитајте целосна глава 2 Јован 1