Нов Завет

1 Тимотеј 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Спрема постари луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко. Спрема тие што се помлади од тебе однесувај се како да ти се браќа.

2. Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.

3. Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи.

4. Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.

5. Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.

6. Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 5