Нов Завет

1 Солунјаните 5:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Нема потреба да ви пишувам за времето и датумот кога ќе се случи ова.

2. Вие сигурно и самите знаете дека доаѓањето на Господ ќе биде ненадејно, како кога крадец неочекувано упаѓа ноќе.

3. Кога луѓето од овој свет ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни“, тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки и доаѓаат на жена што треба да роди. Тоа неминовно ќе им се случи.

4. Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец.

5. Вие и припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта.

6. Затоа, да не бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.

7. Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат;

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 5